nav

                                                                          

цени за големи веб сајтови со датабаза

bCMS накусо

Голем веб сајт е динамичен веб сајт, заснован врз Blesok Content Management System (bCMS). Динамичкото решение подразбира изработка на веб сајтот во динамички страници кои ги „читаат“ податоците од датабаза. Предноста на ова решение лежи во можноста за имплементација на Blesok Content Management System (Блесок Систем за управување со содржини). bCMS овозможува ажурирање и администрација на веб сајтот од кое било место во светот, директно во датабазата на самиот веб сајт. Пристапот до администраторскиот дел од веб сајтот е заштитен со корисничко име и лозинка.

За разлика од ажурирањето на веб сајт изработен со статично решение, веб сајтот базиран врз bCMS пружа можности за најразлични дополнувања и оперирање со содржините. Искуството покажува дека првобитното вложување во bCMS се исплатува повеќекратно поради леснотијата на оперирање со податоците. Со bCMS можете да оперирате со следните податоци: новости, слики, галерии, линкови, контакти, документи, настани, дискусии, анкети, НПП (FAQ), зачленување на корисници, кориснички групи, масовно праќање е-пошта, приказ на статистика за секој запис одделно, одредување на времетраењето на информацијата, администрација на реклами ... а сето тоа преку online (WYSWIG) уредувач. Нашиот bCMS вклучува и пребарувач низ содржините на вашиот сајт, а бројот на јазици на кои сајтот може да функционира е неограничен.

Администрацијата не бара напредни информатички познавања од страна на администраторот и не бара инсталација на дополнителен софтвер. По потреба, администраторот ќе биде обучен за користење на bCMS.

Ќе бидеме со вас во текот на целиот процес, од креирање на уникатен дизајн кој најдобро ќе ве претстави пред светот до конечното објавување на вашиот веб сајт. Во можност сме редовно да го ажурираме вашиот веб сајт, доколку ви треба и оваа услуга. Ажурирањето не е вклучено во табелата подолу: претпочитаме да склучиме посебен договор за ажурирање, во согласност со потребите на нашите клиенти.

Јавете ни се за понуда: webmaster@blesok.mk | 070.377.635

За нарачки во Република Македонија, додадете 18% ДДВ.

за друг вид веб сајтови, погледнете го нашиот ценовник
 

© Блесок, 1998-2012. Сите права се задржани.